Богомила - Водно

Видео-сторија за есенскиот маратон Богомила-Водно http://www.youtube.com/watch?v=ioBdFuOypeQ

 

ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА НИЗ ЦЕНТРАЛНА МАКЕДОНИЈА “ИЛИНДЕН 08”
СКОПЈЕ - КРУШЕВО - ОХРИД, ПО 22-РИ ПАТ
105 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Акцијата се организира по повод 2-ри Август, национален празник на Македонскиот народ. Ќе се изведе од 28.07. до 05.08 2008 година а ќе земат учество повеќе планинарски друштва од градот и Републиката и поканети гости - планинари од странство.
Маршутата поминува по трагите на Илинденците низ Централна Македонија а на учесниците, покрај напорниот пат, им се нуди и голема можност за одржување и јакнење на вољата, челичење на организмот, другарување и запознавање на убавините на Македонија.
Патот од Скопје до Преслап се поминува со превозно средство. Со поаѓањето од Преслап, планината Китка се остава во позадина а се оди кон планината Караџица и кон нејзиниот врв Солунска глава. Понатаму патот продолжува преку Плавник, Даутица, Мочур, Бушава планина и планинскиот масив на Плаќенска и Илинска планина.
Маршутата е долга околу 200 км а се пешачи дневно околу 10 - 12 часа. Сите учесници, кои на 29.07.2008 година ќе стигнат на собирното место пред музејот - црква Свети Спас, веднаш по посетата ќе бидат превезени со автобус до местото Преслап, 1000 мнв. Право на учество во акцијата имаат поканетите друштва, искусни планинари, здрави и кондиционо подготвени, со обавезен лекарски преглед, што значи, учество на сопствена одговорност - проверка за акции.

1. - Сите учесници уплаќаат по 2.000,00 денари за превоз, престој и ноќевање.
ЈСП - Пролетер + барање! Превоз до Преслап - 2 пансиона во Шула Мина, 1 пансион во Младост Партизан во Охрид и превоз до Скопје.
2. Ако организаторот успее да обезбеди пари од спонзори, парите ќе бидат вратени.
- Услови: планински патеки, најразлични видови печурки, боровинки и сливи;
- печат на маршутата;
- и се друго што може да се обезбеди.

Патот минува низ богата природна убавина, незаборавни планински видици, реки, поточиња и културно-историски споменици со стара Македонска архитектура.
Храна и се што му е потребно на еден планинар за долг пат, секој си носи со себе. Можности за снабдување постојат во с. Крапа, с. Дебреште, Крушево, с. Доленци, с. Базарник и Охрид.
Од Опрема: добро разгазени чевли, патики, вреќа за спиење, најлон пелерина, како и лесна облека за промена, прва помош - средства против алергии и др.
Организаторот по пат обезбедува вода за пиење, за миење и бањање од поток, кладенец ...

Учесниците треба да ги почитуваат наредбите на водичите и да бидат внимателни и претпазливи и добро опремени за долг и напорен пат, на време и невреме и други лични потреби.
Пријави за походот се примаат до 15.07.2008 година, со име и презиме, година на раѓање, број на лична карта, од кое друштво доаѓа, контакт телефон итн.

Информации : Благоја Петрушевски - водич - тел. 076 404 185, 2791 578

ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА ПОХОДОТ

1. Леко Богдановски
2. Ленче Дамовска
3. Борис Петрушевски

П Р О Г Р А М А

28.07.2008 (Понеделник)
- Пристигнување на гости - планинари од странство. Ноќевање на Водно.

1 ден - 29.07.2008 (Вторник)
- Во 8 часот собирање на учесниците пред црквата Св. Спас, положување цвеќе на саркофагот на Гоце Делчев.
Поаѓање во 9 часот со возило за Преслап 10:30, оттаму пеш до планинарскиот дом Караџица - Дуње 16:00 часот, Бегово 19 ч.
За ноќевање во домот е потребна вреќа за спиење.

2 ден - 30.07.2008 (Среда) - Во 04,00 часот тргнување кон Солунска глава 09,00 часот, Горна Бабина дупка, извори, Даутица 12:00 часот - Миланово бачило 13:00, Мочур, спуштање по река, пристиггнување во с. Крапа и сместување во училиштето - ноќевање 18:00 часот.

3 ден - 31.07.2008 (Четврток)
- Во с. Крапа во 08,00 ч. Припреми за поаѓање кон с. Дебришта 10:00, Борино 14:30 ч. До с. Селце 16:00 ч. Одмор - ручек - ноќевање.

4 ден - 01.08.2008 (Петок)
- Од с. Селце поаѓање 08:00 ч. кон Крушево, пристигнување во 12:00 часот и ?????????
- Сместување во Шула Мина - пансион-Илинден ???
- 18 ч. попладне учество во поворката за положување на цвеќе на “ИЛИНДЕНЦИТЕ”.

5 ден - 02.08.2008 (Сабота)
- Во 08,30 ч. поаѓање кон Мечкин Камен на народниот Собир.
- Традиционално крводарување на Мечки Камен.
- Попладне, посета и разгледување на спомениците во Крушево -
одмор и припрема за 2-рата етапа за Охрид.

6 ден - 03.08.2008 (Недела)
- Во 04:00 ч. поаѓање во правец на: с. Кочишта, с. Радово 09:30 ч, с. Доленци 13:00 - 15:00 ч. и продолжуваат кон с. Бабино.
С. Базерник каде ќе се ноќева во училиштето, другарување и песни со мештаните.

7 ден - 04.08.2008 (Понеделник)
- Во 04:00 ч. поаѓање кон Илинска-Плакенска планина. Во 08:00 - 09:00ч. ручек на извор. Понатаму кон Плаќе, 11:00 - Речица, 13:00ч. Прентов мост. Во 13:20 - 15:30 ч со автобус за Охрид. 16ч.
- Завршна другарска вечер и доделување на признанија.
- Ноќевање во Партизан. Можност за заминување.-

8 ден - 05.08.2008 (Вторник)
- Посета на Самоиловата тврдина и градот Охрид.
- Можност за останување и наредниот ден во Охрид во сопствена режија.
Ден за посета на културно-историските споменици и манастирот Св. Наум.
Завршени сите активности, заминување дома.


ПСК „Бистра“ - Скопје
Претседател
Живко Темелковски

15.05.2008

Извештај и фотографии од Трансверзалата изведена во 2006-га тодина


Англиска верзија