Велибор Соколовски
Роден сум на 08.09.1987 во Скопје. Планинарењето го засакав уште од најмала возраст. Се сеќавам на првиот пат кога мајка ми ме искачи до врвот на Водно, имав само четири години и од тогаш па се до сега не можам да се одделам од природата, односно од планинарскиот спорт кој ме поврзува со неа. Во ПСК Бистра се зачленив во јануари 2005 и моја прва акција беше Титов врв. Таа акција претставува вистински зимски предизвик и кога одам приватно на планинарење со друштво обично одам на Титов врв. Одам прилично активно на планинарење со клубот и поголемиот дел од убавините на македонските планини сум ги доживеал, не помислувам да прекинами се трудам да го афирмирам планинарството меѓу младите. Надвор од Македонија сум се искачил на Олимп – Грција, Вихрен - Бугарија, Арарат-Турција, Маглич - Црна Гора. На 08 Септември не го испуштам традиционалното искачување на Кораб, каде воедно го прославувам и својот роденден.
Ажурирано 11 - 02 - 2010