Ажурирано 03 – Март – 2010 година
Стојан Нацевски
Роден сум на 09 – 02 – 1940 година во село Трипатанци, општина Пробиштип. По професија сум кројач-шивач. Во Скопје сум дојден 1964 година, вработен во 22 Декември а од 1978 во воена организација Јединство. Со планинарење почнав во 1984 година и најчесто одев Водно - Матка, а во ПСК БИСТРА сум од 1986 година. На маратонот Богомила – Скопје (пролетен и есенски) преку 40 пати сум учествувал. Со клубот сум бил скоро на сите планини во Македонија така и во Бугарија на: Мусала, Вихтжрен, Маљовица, Безбог, Витоша.
Во Грција на Олимп, Метеори.
Во Југославија на Субра, Тара, Дурмитор и други.
По повод 50 години постоење на клубот ми беше врачено Признание за даден придонес и активно учество во планинарството.
Посетеност на сајтот
Денес:
35
Вкупно:
14863
oд март 2010