Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 





Живко Видевски

 

Живко Видевски роден 1928 година во село Драгов Дол во близина на Македонски Брод. По професија професор по машински предмети сега во пензија. Планинар сум од 1972 година најчесто одев Водно – Матка. Во 1987 година се зачленив во ПСК Бистра – Скопје и со клубот се имам искачено на многу планини како во Македонија така и во Србија, и тоа: Овчар, Каблар, Фрушка Гора, Рамна Гора, Тара, Цер, Липове Воде, Гоч, Јастребац, Копаоник и др. Во Бугарија на Мусала и Витоша. Најголемо сеќавање и доживување ми е авантурата по кањонот на реката Треска од Скопје до Македонски Брод и ја имам одено 4 пати. Со мое залагање се постави Спомен-Плочата и на која е опишан нападот на борците од 12та Скопска Бригада за завземање на германскиот бункер на 11 – 11 – 1944 година, кој се наоѓаше на местото на планинарскиот дом.

Ажурирано 03 - Март - 2010

Посетеност на сајтот
Денес: 35
 
Вкупно: 14863
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online