|
|
|
|
ПО ОСМИ ПАТ НА АРАРАТ
Оваа година (2007) Турската планинарска федерација во периодот од 26 август до 03 септември организираше осмо по ред меѓународно искачување на Библиската планина Арарат кое беше во чест на 126 години од раѓањето на Кемал Мустафа Ататурк, таткото на модерна Турција и 41 годишнина на Турската планинарска федерација. На ова меѓународно искачување од страна на Турската планинарска федерација биле поканети 64 планинарски федерации од светот. На
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
искачувањето присутни беа планинари од Романија, Маџарска, Црна Гора, Англија, Иран, Обединети арапски Емирати. Ваквиот мал број на странски гости се должи на тоа што поради проблемите што Република Турција ги има во овој дел од Турција кој исклучиво е населен само со курдско население, и проблемите што тие ги прават на експедициите кои имаат за цел искачување на Арарат, Турската планинарска федерација го задржа правото се до последниот ден да го откаже или одложи искачувањето, и поради ова не се знаеше и дали воопшто ќе се одржи меѓународно искачување на Арарат оваа година.
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
Наместо како сите 7 искачувања дотогаш, кои беа од јужната страна на Арарат, од градот Догубајазит, во последен момент организаторот се одлучи искачувањето да биде од северната страна, а за место на одржување го определи градот Игдир кој е населен исклучиво со турско население. На ова меѓународно искачување учествуваа и четири члена од Македонската планинарска асоцијација – Живко Темелкоски (организатор и водич) и Велибор Соколовски од ПСК „Бистра“ при МВР Скопје, Ѓоко Ристиќ од ПД „Пелистер“ - Битола и Љубиша Тасевски од ПД „Бистра“ - Гостивар. Оваа година Македонската планинарска асоцијација не била предвидена во агендата на Турската планинарска федерација да биде поканета, бидеќи учествувала на сите изминати искачувања. Меѓутоа резултат на блиските релации со раководството и пред се со претседателот на ТПФ Г-динот Аладин Карача, беше обезбедено учество на 4 члена од МПА. При изборот на членовите кои ќе ја преставуваат Р.Македонија и МПА се водеше сметка да бидат од различни планинарски друштва и планинарски региони. Нашата експедиција патуваше со редовна автобуска линија Скопје - Истанбул, Истанбул - Догубајазит - Игдир во траење од три дена или околу 3000 км. Градот Игдир беше собирно место на сите учесници. Toa e град со 100 000 жители на Турско - Ерменската граница. Пред хотелот во кој на почетокот беа сместени планинарите, беа истакнати знамињата на сите држави учеснички. При свеченото отворање на овој меѓународен планинарски собир, како и секоја година беше направена посета на споменикот на Кемал Мустафа Ататурк - таткото на модерна Турција, во центарот на градот и посебно претставување на планинарите од секоја држава гостин. Вкупниот број на сите учесници изнесуваше 150. Турските планинари дојдени од сите страни на Турција, освен водичите, за првпат и тие имаа можност да се качуваат на оваа планина.. Меѓу останатото и некои водичи за прв пат имаа можност да се качувааат на Арарат.
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
Поради проблемите со Курдите, искачувањето на Арарат е сврзано со многу организациски проблеми, па поради тоа и многу турски планинари сакаат да го искористат ова меѓународно искачување кое е пратено со големо воено обезбедување се до 4200 мнв. Сите планинари и нивната опрема до 2200 мнв беа префрлени со комбиња и џипови. Интересно е да се наведе дека на висина од 2100 мнв се наоѓа голем брод кој ја симболизира арката на Ное која според преданијата застанала на Арарат после големиот потоп. Овој брод на оваа висина е поставен во мај оваа година од страна на една Американска организација за што во тој период пишуваа и нашите медиуми. На 2200 мнв се ноќеваше во шатори и во објекти на Турската жандармерија која ја обезбедува Турско Ерменската граница. Наредниот ден, до првиот логор кој е на 3250 мнв висина се пешачеше околу 5 часа по многу стрмен планински терен. Колку бил стрмен теренот, видовме при враќањето после освојувањето на врвот кога не веруваме дека од тука сме се искачувале. Третиот ден до логорот кој е на 4200 мнв се пешачеше околу 4 часа со целокупната опрема со тежина од околу 30кг по стрмен карпест терен. На овој логор времето беше доста студено и за цело време паѓаше снег, така да после пристигањето мораше веднаш да се подигне шатор и цело попладне да се престојува во него. За разлика од јужната страна од каде глечерот почнува 250-300м пред врвот, од северната страна глечерот се спушта на висина и до 3000м. Наредниот ден (30-ти август) времето беше магливо и доста студено. Кон врвот се тргна во
05:00 часот. Со оглед на тоа што до врвот е само глечер кој беше покриен со снег кој паѓал цела ноќ, на почетокот од искачувањето мораше сите учесници да се постават во наврски од 5-6 члена со неизбежно носење на дерези и цепин. Во нашата наврска освен ние четворицата, беше и една Црногорка и еден Турчин. Како група, стартувавме втори после Романската навеза. До самиот врв во услови на многу магла и голем студ се стигна после 6 сата искачување. Патеката до врвот не е обележана и постои голема можност во услови на слаба видливост да се погреши што би било фатално во тие огромни бели пространства со многу процепи во глечерот. Се движевме со доста јако темпо. Скоро никаде не направивме поголема пауза. Бидејќи бевме доста добро физички подготвени, одевме како еден, зад нас беа наредени во колона по еден во наврски 150 планинари.
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
По доста лошо време на врвот се искачивме некаде околу 11:00 часот. Од вкупната бројка на планинари, согласно евиденцијата која се води на самиот врв, само 75 се искачиле. По истакнувањето на Македонското знаме и неговото фотографирање и реклами на одредени спонзори кои го помогнаа нашето учество, се симнавме до логорот на 4200 мнв.
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
Според програмата, требаше веднаш после растурањето на логорот да се замине на 3250 мнв каде требаше да се ноќева. Меѓутоа со оглед на големата истоштеност на планинарите, организаторот одлучи да се ноќева на овој логор. Наредниот ден по собирањето на шаторите и целокупната опрема се симнавме преку стрмниот камен предел до 3250 мнв од каде се упативме по уште пострмниот планински терен до 2200 мнв, од каде пак со комбиња и автобус се спуштивме во градот Игдир.
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
|
|
На свеченото затворање на овој меѓународен собир на кој се доделуваат сертификати на секој учесник кој се искачил на врвот на Арарат, како резултат на нашето однесување за цело време на искачувањето, претседателот на Турската планинарска федерација упати посебен поздрав до членовите на Македонската планинарска асоцијација. Од моја страна како водич и и член на Македонската планинарска асоцијација и чест гостин на Арарат, после изразувањето на поздрави и благодарност до Турската планинарска федерација за организацијата и поканата на 4 члена од Македонската планинарска асоцијација за учество (поздравите и благодарноста ја изразив за прв пат на турски јазик), беа врачени одредени подароци како пред се знаменце на МП асоцијација, сувенир од Македонија (Скопје со камениот мост изработено во бакар) проспекти за убавините на Македонија и Македонските планини, по еден примерок од сите броеви на магазинот за планинарење и екстремни спортови „КОРАВ“ и едно пакување од Македонско црвено и бело вино. После сето ова следеше ракоплескање „МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА“
Организаторот и водичот, Живко Темелкоски изразува посебна благодарност за коректното однесување на членовите на Македонската експедиција за целото време на престој во Р.Турција.
За реализација на оваа експедиција при која членовите достојно ја презентираа нашата држава, членовите изразуваат посебна благодарност на спонзорите кои го помогнаа нашето учество во оваа експедиција: Кланица „ЖИВА“ - Штип, „ГУДАЛАТ“ - Гостивар, „ПОДРАВКА“ - Скопје, „Македонија сообраќај“ - Скопје.
Живко Темелкоски 16.01.2008
| |
|
|