Богомила - Водно

Видео-сторија за есенскиот маратон Богомила-Водно http://www.youtube.com/watch?v=ioBdFuOypeQ

 

МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА ПЕРСИСКИОТ ВУЛКАН - ВРВОТ „ДАМАВАНД“ 5671М, - ИСЛАМСКА РЕПУБЛИКА ИРАН

Согласно Календарот на планинарски акции на Планинарскиот спортски клуб „БИСТРА“ при МВР Скопје, за во јуни месец оваа година клубот ја имаше предвидено планинарската акција „ДАМАВАНД 2007“ (5671 мнв), највисокиот врв во Средниот исток, во Исламската Република ИРАН.
За водич на оваа меѓународна планинарска акција беше определен Живко Темелкоски кој веќе еднаш беше водич на група планинари од Република Македонија кои учествуваа на првото меѓународно искачување на оваа планина, организирано од страна на Организацијата на

Обединетите Нации во чест на 2001 година која беше прогласена за година на Дијалог меѓу цивилизации и под патронат на тогашниот претседател на Иран Г-динот КАТАМИ, и успешно ја преставуваа Република Македонија.
Врвот ДАМАВАНД се наоѓа на планинскиот масив АЛБРОЗ кој е со повеќе од 2000 км должина. Таа се простира од Северо-запад до Северо-исток на државата Иран. На овој планински масив доминираат повеќе врвови над 4000 мнв. Три највисоки врвови се Сабалан со 4800 мнв, Аламоух со 4850 мнв и највисокиот ДАМАВАНД со

5671 мнв кој се наоѓа во централно-источниот дел на Алброз. Тој е 70 км во права линија одалечен од Техеран или околу 100 км по асфалтен пат и 60 км од Каспиското море.
Дамаванд е највисокиот врв во Средниот Исток.
На Дамаванд можете да се искачувате од сите страни, меѓутоа постојат 9 добро познати патеки за искачување на врвот од кои на 4 патеки кои се најмногу користени има планинарски домови и секоја е со свои карактеристики.
Јужната страна е нормална патека со еден планинарски дом на 4150м.
Северната страна има два планинарски дома од кои едниот е на 4000м а вториот е на 5000м.
Западната патека има еден планинарски дом на 4550м.
Северноисточната патека има дом на 4800м.
Најпосетувана патека за искачување на врвот на Дамаванд е од јужната страна.
Патеките и стазите низ целата планина се посипани со вулканска лава. Низ целата планина постојат мали вулкански отвори од кои постојано излегуваат сулфурни гасови (Сулфурни гејзери). Дамаванд има неколку глечери, од кои најважни се: Добисел и Сиолех во северниот дел и Јакхар глечерот на источниот дел.
Дамаванд прв пат е освоен во 1900 година. После тоа се до 1936 година нема искачувања. Од 1940 година почнуваат организирани искачувања.
Од ПСК БИСТРА Скопје за учество во оваа експедиција се пријавија вкупно 6 члена.
Како членови на групата, освен членови од ПСК „БИСТРА“ Скопје, можеа да се пријават и планинари од други планинарски друштва од Републиката како и од планинарски друштва од соседните држави со кои друштвото е збратимено и секоја година одржува заеднички планинарски акции. Заклучно со 15 март беа пријавени вкупно 13 планинари, членови на следните планинарски друштва.
Живко Темелкоски, организатор и водич, Буранедин Сали, Кирил Костовски, Ранко Антов, Ислам Адиловски и Горан Стрезовски сите од ПСК „Бистра“ при МВР Скопје; Драган Ристич, Ѓоко Ристич, Јоце Смилевски и Тома Лозановски од ПД „Пелистер“ од Битола; Златко Каракамишев и Снежана Дучева од ПД „Кожув“ од Гевгелија и Маја Мухич од ПСД „Кораб“ од Скопје. Во експедицијата како гости беа и два планинара од Република Црна Гора, Драган Булатович и Тања Павличич од ПД „Комови“ од Подгорица, друштво кое е 25 години збратимено со планинарското друштво „Бистра“ при МВР Скопје.

Бидејќи за патување на граѓаните на РМ во државата Иран е потребно поседување на Иранска виза, претходно беа обезбедени Ирански визи и неопходните Бугарски транзитни визи. На патувањето се замина на 15 јуни со редовна автобуска линија Скопје-Истанбул, а потоа Истанбул-Техеран, кое патување вкупно траеше 60 часови или 3500 км во еден правец.
По пристигнувањето во Техеран останавме еден ден во хотел, во кој можевме да се повратиме после три дена престој во автобус и да собереме снаги за престојното искачување на Дамаванд.
Наредниот ден, 18 јуни, со автобус бевме префрлени до 2650 мнв во подножјето на Дамаванд, од каде со џипови бевме префрлени до 2900 мнв, првиот логор наречен Госфанд Сара. Патот од Техеран до 2650 мнв е во должина од околу 150 км и се поминува за околу 3.30 часа. На првиот логор дел од членовите беа сместени во објект а дел во шатори кои беа обезбедени од организаторот. После сместувањето, со цел членовите да се аклиматизираат, сите заедно се искачивме до 3600 мнв. Наредниот ден после доручекот, после предавањето на опремата и нејзино товарање на мазги, се упативме кон вториот логор, наречен Бергах е Севон на 4150мнв.
Искачувањето до овој логор траеше околу 4 часа.
..
Од страна на ТА „Араз“ беа ангажирани двајца сертифицирани водичи од

Планинарската федерација на Иран кои добро зборуваа англиски јазик. Тие освен како водичи, ја подготвуваа исхраната за сите денови на престој на планината.
Наредниот ден, 22 јуни во 5.00 часот се упативме кон врвот на Дамаванд. На врвот пристигнавме после 6 часа и 45 мин. пешечење. Времето беше погодно за искачување. Скоро сите членови со мало закаснување на одделни членови, беа во исто време на врвот. Пред самиот врв, некаде од 5000 мнв движењето е отежнато поради сулфурните испарувања.
После задржување околу 20-30 мин. на самиот врв неопходни за фотографирање на Македонското знаме и останати рекламирања на спонзори на одделни членови на експедицијата, сите заедно почнавме да се симнуваме кон вториот логор. Имајќи во предвид дека одделни членови беа доста уморни, после пристигањето на вториот логор, не се упативме кон првиот логор како што беше согласно програмата, туку останавме да преноќиме на 4150 мнв.
Наредниот ден, 23 јуни, после доручекот и оставање на целокупната опрема која требаше да се товари на мазгите, се упативме кон првиот логор Госфанд Сара на 2900 мнв. Овој ден за разлика од сите претходни кои беа сончеви и врвот од планината ни висеше над нашите глави, беше со магла и апсолутно многу мала видливост. Од првиот логор заедно со целокупната опрема се џипови се спуштивме до 2600 мнв од каде со автобус се упативме за Техеран.
Во Техеран пристигнавме околу 15.00 часот и повторно бевме сместени во истиот хотел наречен МАШАД кој се наоѓаше во центарот на Техеран.

Наредниот ден во 14.00 часот заминавме од Техеран за Истанбул, каде после два дена возење со автобус пристигнавме на 26 јуни околу 7.00 часот од каде во 17.00 часот заминавме за Скопје.
Водичот на експедицијата изразува посебна благодарност до сите членови на Македонската планинарска експедиција за нивното коректно однесување за цело време на ова патување и искачување на планината и за нивната физичка спремност при самото искачување на врвот.
Членовите на експедицијата изразуваат посебна благодарност на спонзорите кои ја помогнаа експедицијата:
- Планинарски спортски клуб „БИСТРА“ Скопје,
- Комерцијална банка АД Скопје,
- ГП Бетон Битола,
- Хорват ДОО Скопје,
- Ултра ДОО Скопје,
- 20 Мај комерц Скопје,
- Сара Колант ДОО Скопје,
- 3СФ ком Фатмир Етеми Скопје,
- Еуроактива Скопје.

Живко Темелкоски
15.01.2008


Англиска верзија