|
ЕКСПЕДИЦИЈА НА ЕЛБРУС
До сите планинарски друштва / клубови
Планинарскиот спортски клуб БИСТРА при МВР Скопје, сака да Ве запознае дека во периодот од 25 јуни до 4 јули оваа година организира планинарска експедиција „КАВКАЗ 2008“ со цел искачување на највисокиот врв во Европа, Елбрус (5642 мнв). Оваа планинарска експедиција ќе биде под патронат на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија.
Тргнувањето е на 25 јуни со авионски лет Скопје - Белград - Москва - Минералне Воде. По пристигнувањето во Минералне Воде (Русија), не презема планинарска туристичка агенција која ќе ни ги пружи сите услуги како што се сите видови на транспорт, сместување во хотел и во објект на самата планина, исхрана, сите видови на дозволи за искачување на Елбрус, водичи итн. Враќањето назад е на 4 јули во 12.00 часот од Минералне воде и истиот ден вечерта сме во Скопје. Експедицијата трае точно 10 дена. Вкупната цена на сите трошоци (авионскиот лет, виза и престојот во Русија со сите трошоци) зависи од бројот на пријавените. Во секој случај вкупните трошоци ќе бидат околу 1100-1300 Евра.
За членови на експедицијата досега се имаат пријавено планинари од повеќе друштва / клубови од Републиката кои досега учествуваа во планинарските експедиции кои ги организираше континуирано секоја година планинарското друштво Бистра од Скопје, како што беа Мон Блан (4807 мнв), Грос Глокнер (3800 мнв), Килиманџаро (5895 мнв), Арарат (5165 мнв), Дамаванд (5671 мнв).
Организатор и водич на експедицијата е Живко Темелкоски.
Доколку има заинтересирани од Вашето планинарско друштво / клуб кои сакаат да земат учество во оваа експедиција, слободно можат да се јават на Е-маил:
zivkotemelkovski@gmail.com; ZIVKO_TEMELKOSKI@moi.gov.mk contact@pskbistra.org.
Дополнителни информации и податоци околу експедицијата можат да се добијат на тел. 070 22 01 66 - Живко Темелкоски. Пријавувањето е најкасно до 30 март.
Живко Темелкоски 16.01.2008
23.03.2008
| |