Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 





 

ИЗВЕШТАЈ ОД АКЦИЈАТА „ПЕЛИСТЕР“

 


Согласно програмата на ПСК „Бистра“ за 2009 година, на состанокот одржан на 24 февруари оваа година, беше ставена акцијата за зимско искачување на Пелистер. Беше утврдено дека тргнувањето ќе биде во петок на 27 февруари во 15.00 часот, ноќевање во Планинарскиот дом Копанки и во саботата во 6.00 часот да се тргне кон врвот на Пелистер преку Широка. На состанокот се пријавија доволен број за да може да се патува со комбето на клубот.

На денот на тргањето во петокот, вкупно се собравме 10 члена од клубот. Преку неделата имаше јавувања од членови кои дополнително дознале за акцијата Пелистер, меѓутоа сите беа одбивани поради определениот број на места во комбето.

Тргнувањето беше од пред Нова Македонија во 15.00 часот. На паркингот пред Хотел Молика стигнавме во 17.20 часот. Сместувањето беше во Планинарскиот дом Копанки каде цената на ноќевање е само 100.00 денари со маркица за тековната 2009 година.

Наредниот ден во саботата тргнавме во 6.00 часот. Времето според термометарот пред планинарскиот дом беше – 18 степени. Прва пауза направивме кај ловечката куќа, каде стигнавме во 8.30 часот. Патеката беше замрзната така да истата дозволуваше да се пешачи со брзо темпо.

На врвот на Пелистер стигнавме во 10.45 часот. Од страна на вработените во објектот бевме примени во објектот, послужени со топол чај, за што сме им благодарни. После скоро 1 час престој во објектот, каде доручкувавме, се стопливме и доволно одморивме, го напуштивме објектот со цел пред објектот да направиме повеќе фотографии бидеќи самиот објект како и далеководите околу објектот беа покриени со снег поради силниот ветар. Времето иако беше студено и дуваше ветар, беше подносливо и без магла, со голема видливост. Цела Македонија се гледаше како на дланка. Сите високи врвови беа покриени со снег.

Враќањето беше преку истиот пат по кој и дојдовме. Во домот Копанки стигнавме околу 17.30 часот и по мало задржување се упативме до хотел Молика од каде во 18.00 часот тргнавме за Скопје. Во Скопје стигнавме во 20.30 часот.

На оваа планинарска акција учествуваа: Живко Темелкоски (водич и возач), Буранедин Сали, Драги Петров, Даниел Филиповски, Мирослав Таневски, Никола Тодоровски, Ица Цветковска, Славчо, Сашко Перовски, Божо.
 
 



Текст и фотографии: Живко Темелкоски
 

   

05.03.2009

Посетеност на сајтот
Денес: 36
 
Вкупно: 14864
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online