Акција на Скопска Црна Гора – Црн Камен 1650 м.н.в.
Според договореното во Недела на 15.03.2009 се најдовме на Автобуска под Железничка Станица во 06.40 и тргнавме со автобус број 47 во 07.10 за село Љубанци. Во селото стигнавме во 08.00 и тргнавме нагоре со чести одмори поради старосната структура на тимот кој се качувавме. Во 12.00 се качивме сите четворица на врвот на Скопска Црна Гора – Црн Камен 1650 м.н.в. и тоа Гелевски Геле 81 год. (јубилејно 150 искачување), Шело Сабри 72 год., Ѓошевски Миле 64 год. и јас Божиновски Сашо – САЛЕНИО 38 год. Денот беше прекрасен, сончев и се гледаа сите околни планини и врвови Солунска и Љуботен. Потоа тргнавме накај Сотирова Чешма и тука е исто и Спирова Колиба (нашиот член Спиро ја направил оваа колиба во 2005). Се сместивме во колибата, малку ветерот ја открил (ќе го информираме да си ја потсреди малку), каснавме и тргнавме по асфалтот за Бродец и Побожје.







Текст и фотографии: Сашо Божиновски - Саленио
23 - 03 - 2009