Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 





ИЗВЕШТАЈ ОД АКЦИЈАТА КОРАБ ОДРЖАНА НА 24 МАЈ 2009


На состанокот на клубот одржан на 19 мај на дневен ред беше поставена планинарската акција „Кораб“ која согласно календарот на акции беше предвидена за во април месец. При анкетирањето за оваа акција се пријавија вкупно 12 члена. Живко Темелкоски, Буранедин Сали, Велибор Соколовски, Стојан Нацевски, Ица Цветковска, Дијана, Сашо и Марија Перовски, Горан Срезовски, Денис, Славчо Стефанов и Тони. Тргнувањето беше договорено да биде на 24 мај, недела во 5.00 наутро, со нашето комбе со кое ги реализираме и сите други планинарски акции. Утрото на договореното место за тргнување не дојде само пријавениот Тони. Пред караулата Стрезимир односно Победа стигнавме точно во 7.00 часот. Од ливадата на рибарите ни се приклучи Сашо Перовски со неговата сопруга Марија кои тука кампувале од претходниот ден. Утрото беше прекрасно и ветуваше сончев ден. Снегот почнуваше некаде од над бачилото. Кон Кораб се движевме како и секогаш преку гребенот, бидеќи оваа патека без оглед што е далеку понапорна од нормалната, пружа прекрасни погледи кон сите страни, кон Титов врв, Бакардан, Мал Турчин, Трапезница, Бистра, Кабаш, Стогово и се разбира пред се кон Кораб. Од гребенот па се до пред врвот на Кораб имаше премногу снег. Сите оние места на кои обично застануваме да доручкуваме и каде има извори со вода беа покриени со снег. На врвот стигнавме околу 12.00 часот. Некои наши членови како Славчо, Ица, Дијана за прв пат беа на највисоката точка во Македонија. После задолжителното фотографирање на врвот на Кораб, седнавме да ручаме и да одмориме. На врвот времето беше повеќе од жешко. Останавме да лежиме точно 2 часа. За истакнување е тоа што додека ние лежевме на самиот врв и повеќето од нас и можеби спиеја бидеќи на никој од нас не му се слушна глас, кога станавме, видовме дека веднаш под нас гледано спрема левата страна на Кораб, имаше свежи траги од мечка со мали мечиња бидеќи имаше повеќе траги. Пред ние да дојдеме на врвот тука немаше никакви траги, уште помалку пак некој таму да се движел бидеќи нема што да бара во тој правец. Мечката си поминала мирно без да знае дека на 30м на самиот врв се излежаваат и спијат 11 планинари, кои за цело време додека се искачуваа кон врвот на Кораб очекуваа некаде да сретнат и видат мечка со мали мечиња, што е голема веројатност во овај период кога оди на врвот мала група планинари и да се види и сретне мечка со мечиња. Бидеќи не чекаше симнување од околу 3-4 часа до комбето а од таму уште 2 часа до Скопје моравме да го напуштиме врвот на Кораб и да почнеме да се спуштаме. Сашо Перовски кој од самиот старт понесе и скии врзани на неговиот ранец во кои имаше и скијачки кондури, веднаш под самиот врв на Кораб од каде почнуваше снегот, ги стави скиите и се спушти по стрмните терени на Кораб, изгубувајќи ни се од видот. Веруваме дека уживал во спуштањето, и дека целиот оној напор што го имал при носењето на скиите по стрмнините на Кораб го заборавил. Уживавме и ние кои се спуштавме пешки повеќе лизгајќи се лево десно колку што ни овозможуваа снежните стрмнини. Некаде по патеката по нормалната патека по која се спуштавме, како и секоја година во ова време, поради големите стрмнини, имаше две-три паднати лавини кои со себе понеле и голем дел од земјата. Некои наши членови и покрај сето внимание се слизнаа и после десетина метри лизгаќи се по снегот застанаа.Симнуваќи се кон бачилото, повеќето од нас собираа чај петопрст, планински лалиња, или коприви. Кај комбето стигнавме околу 17.30 часот. Во Скопје стигнеме околу 20.30 часот.

 

Текст и фотографии: Живко Темелкоски

29.05.2009

Посетеност на сајтот
Денес: 36
 
Вкупно: 14864
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online