Галичица и Јабланица – 20 / 21 Јуни 2009
Во 05.30 часот во Сабота се собравме пред зградата на Нова Македонија и тргнавме за Охрид 8 члена од клубот и тоа: Лазаров Владимир, Ристовски Ристо, Димовиќ Раде, Благоја Петрушевски, Соколовски Велибор, Буранедин Сали, Стефанов Славко и јас Божиновски Сашо – Саленио. Директно отидовме во националниот парк Галичица до куќата на Црвен Крст и од тука започна искачувањето до врвот Магаро 2275 мнв. Oколу 11.00 часот бевме на врвот, се задржавме околу еден саат на врвот, уживавме во погледот кон Охридско, лево и десно Преспанско Езеро. Се спуштивме и отидовме во Свети Стефан во манастирот, таму се сместивме и потоа отидовме на плажа. Недела, во 05.30 тргнавме кон Струга, Вевчани на Јабланица кон врвот Црн Камен 2258 мнв. Попатно ни се приклучи и планинар од Охрид, Милован Србиноски пријател на Буран, кој исто како и јас првпат се качуваше на Црн Камен. Патеката е одлично маркирана и е 10км и поминува низ густа шума, шумата е до 1500-1600 мнв. Прво се стигнува до езерото или Вевчанско Око, па кон врвот Црн Камен во 10.00 одмор 30 мин, и во правец на Дебар спуштање и искачување на другиот врв и пак спуштање до второто езеро или Вевчанско Око (ова е десното) и од тука пак искачувње и стигање на маркацијата (направивме еден голем круг) т.е. до левото Вевчанско Око, и враќање назад кон комбето и попатно собирање на Влашки чај. Кога влеговме во шумата тогаш почна да врне јак дожд, но поради густината и височината на дрвјата, дождот не допираше до нас. Потоа се упативме кон Вевчанските Извори, прекрасно средено место и од тука има маркација за врвот Црн Камен и селото Горна Белица. Околу 16.00 се упативме за Скопје, испратени од дождот кој не ни дозволи уште едно буричкање во езерото и уживање на песокот.







Текст и фотографии: Сашо Божиновски - Саленио
24.06.2009