Стогово, Голем Рид 2278, Крчин - Голем Крчин 2341 и Дешат - Веливар 2375
Според утврдениот план на клубот на 08 Август тргнавме за с. Гари. Учество земаа 12 члена од клубот. Сместувањето беше во пензионерскиот дом. Веднаш се упативме на планината Стогово, прво на врвот Голем Рид (4 часа пешачење) за да продолжиме на врвот Стогово (2,5 часа пешачење). По заслужен одмор на врвот се спуштивме во селото каде преноќивме. Утрeдента, 09 Август, со прекрасно утро и најава за убав ден како што беше и претходниот ден, тргнавме за селото Битуше преку Ростуше до напуштената караула каде што го паркиравме возилото. Тука се најдовме со нашите пријатели и колеги од ПД Бистра – Гостивар, Благоја Дамјановски и неговиот внук, со кои имавме претходен договор за заедничко дружење. Се искачивме на врвот Крчин (4 часа) па продлолживме на врвот Веливар (2 часа). Овие два дена пешачевме по 10 часа. Акцијата беше доста напорна но задоволството од поминатиот терен, прекрасните панорами и меѓусебното дружење беше уште поголемо.













Текст и фото: Сашо Божиновски – Саленио и Влатко Лазаров
16.09.2009