Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 





ИЗВЕШТАЈ ОД ТРАДИЦИОНАЛНОТО ИСКАЧУВАЊЕТО НА КОРАБ ПО ПОВОД 8-ми СЕПТЕМВРИ

 

По повод 8-ми септември, денот на независноста на Република Македонија, планинарите од нашата држава како и голем број на планинари од соседните држави, секоја година се искачуваат на Кораб, нашиот највисок планински врв. Така и оваа година, нашиот планинарски клуб во својата програма за работа за 2009 година ја вгради акцијата за Кораб. Оваа година со оглед на тоа што 8-ми септември паѓаше во работен ден, (вторник) искачувањето беше предвидено да се одржи на 6 септември. За оваа традиционална акција, како и секоја година од нашиот клуб се пријавија поголем број на заинтересирани членови. Со оглед на лимитираниот број на седишта во нашето комбе, поголем број на членови мораа да се упатат на оваа акција со организираниот превоз со автобуси. Со комбето патуваа Живко Темелкоски, Андреј Темелкоски, Стојан Нацевски, Јане Стојановски, Гоце Пановски, Сашо Божиновски, Благојче Петрушевски, Горан Трифуновски, Владо, Мартин Андоновски. Со свое возило беа и Даниел Филиповски и Елизабета Ѓорѓиевска заедно со членови од ПСК ПРЕКОРНИЦА - Даниловград од Црна Гора и ПСК Јосип Панчиќ - Белград од Србија. Со комбето се тргна во саботата во 15.00 часот со цел да се спие во шатори околу караулата Победа. Кога стигнавме таму, видовме дека околу караулата веќе има поголем број на подигнати шатори, и голем број на патнички возила. Вечерта беа запалени и логорски огнови, така да амбиентот беше посвечен. Бидеќи утрото околу 04.00 часот заврна дожд, тргнувањето кон Кораб ни беше пролонгирано наместо во 05.00 за 07.30 часот. Времето беше магловито и не ветуваше сончев и убав ден. Некаде на средина на патот кон Кораб, заврна силен дожд, по што моравме да ставиме кабаници. Имаше и многу граѓани кои можеби за прв пат се качуваат на Кораб, кои не понеле кабаници, меѓутоа водени од желбата да се качат на нашиот највисок планински врв, одеа наводенети кон врвот. Некаде кај Кобилино поле, маглата се дигна, се виде врвот и голема колона на планинари упатени кон врвот. Колоната скоро и да немаше прекин. Еден дел од нашата група на врвот стигна околу 12.00 часот, а јас заедно со најмладите учесници, Андреј и Мартин околу 12.30 часот. Со оглед на доброто време, на врвот просто не можеше да се стигне до граничниот столб, од причина што имаше голем број на планинари кои го окупирале врвот со цел да се сликаат со Македонското знаме, запоседнати околу него што може да се види од фотографиите подолу. При симнувањето од врвот, повторно не покри густа магла која беше се до караулата Победа. Кај караулата имаше еден штанд од организаторот каде од претседателот на ПД Кораб, организатор на ова искачување, се делеа признаниа на планинарските друштва учесници на ова искачување. Од кои причини не знаеме, на нашиот клуб Бистра не му беше доделено признание.(наводно му било доделено на претседателот на клубот пред пола сат, а пред пола саат претседателот на Бистра се уште не беше симнат кај караулата). На нашиот член Андреј Темелкоски со повеќе барања и докажувања му беше доделено признание за најмлад учесник кој се искачил на Кораб, без тоа (дека е најмлад учесник) да биде внесено во самото признание со образложение од претседателот на Кораб дека некое друго дете од 4 години (кое никој не го видел од големиот број на учесници) било најмладиот учесник. После спакувањето на шаторите, заминавме за Скопје, каде пристигнавме околу 20.00 часот.

 

Текст и фотографии: Живко Темелкоски 16.09.2009

Посетеност на сајтот
Денес: 35
 
Вкупно: 14863
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online