Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 





Jакупица и Даутица, 13-15 Ноември 2009


Петок 13, но конечно по неколку врнежливи викенди, - сонце и продолжен викенд. Во утврденото време тргнавме од Скопје во 05,30 часот. Групата ја сочинуваат Буранедин Сали, Владимир Лазаров, Славко Стефанов, Сашо Сиљановски, Трендафилов Васил, Ица и Јас-Божиновски Сашо-Саленио. Ни се придружи и Даниел, колега од работа на Славко, со 3 негови другари кои дојдоа со свој превоз. На Чеплес стигнавме во 10,00 часот и по сместувањето и краткиот одмор се упативме кон врвот Солунска Глава 2540 м.н.в. По одлично време, по сонце и снег над 1800 м.н.в, на врвот пристигнавме околу 14,00 часот. На Буран ова му беше 603-то искачување на Солунска Глава а на Влатко 52 роденден. По честитките на врвот веднаш се упативме назад бидејќи денот е краток и се стемнува во 17,00 часот. Во пл. дом пристигнавме со стемнувањето. Сабота, 14 Ноември За овој ден по договор беше искачувањето на врвот Маринова дупка, околу 2300 м.н.в. највисоката точка на масивот Даутица. Од пл. дом Чеплес тргнавме во 05,30 часот. Кога пристигнавме кај местото наречено Горна бабина дупка се упативме во лево кон врвот Плавник, околу 2150 м.н.в. Тоа е првиот врв на Даутица. Од тука до Маринова дупка се потребни околу 1,5 часа одење. Гребенот по кој се оди е посебно доживување. Задоволството беше уште поголемо бидејќи се одеше во зимски услови, со доста снег, снежни стреи, многу сонце, и плаво небо. На врвот пристигнавме во 11,00 часот и веднаш се упативме надолу кон Горно Солунско поле во правец на Солунска Глава. Времето тој ден дозволуваше искачување и на Солунска глава каде пристигнавме во 13,00 часот. При средбата со претставниците на МВР и АРМ бевме известени дека моменталната температура изнесува -5 степени целзиусови. Но сончевите зраци кои не топлеа допринесуваа да се чувствуваме како да е +5 степени. За разлика од претходниот ден кога се брзавме да не не стемни, расположени и во релаксирана атмосфера во домот пристигнавме во 16,30 часот. Попладнето го минавме во заедничко дружење, исполнети од прекрасно поминатиот ден, панорамата која ретко се гледа во такво издание. Денот заврши со заеднички ручек-вечера ( неодминливото гравче) и многу смеа. Недела, 15 Ноември Можност за 3 дена да се искачиме 3 пати на Солунска Глава и тоа по снег, во зимски услови. Поаѓањето беше во 05,00 часот, со побрзо темпо од вообичаеното, поради патувањето дома, за Скопје. За разлика од претходните 2 дена денес беше наоблачено. Во домот Чеплес се вративме во 11,00 часот. По одмор од 2 часа, во 15,30 од Папрадиште тргнавме за Скопје каде пристигнавме во 18,00 часот. Оценка на сите учесници е дека оваа акција е реализирана во навистина прекрасни услови, по многу сонце, снег, плаво небо. Поминавме 3 прекрасни дена, со многу смеа и заедничко дружење.
<

Текст: Лазаров Владимир
Фотографии: Божиновски Сашо - Саленио
18.11.2009
Посетеност на сајтот
Денес: 35
 
Вкупно: 14863
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online