Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 




50_години ПСК БИСТРА (1959 - 2009)

На 12 – 12 – 2009 год. во Електро-Машинскиот Факултет во 18.00 часот се одржа Собрание на ПСК БИСТРА по повод 50 години од основањето на клубот. Собранието го отвори претседателот  на ПСК Бистра, Темелкоски Живко. Хорот БОРЕЦ, ја оттпеа Химната на Р.Македонија и уште неколку песни – Калеш Анѓа, Песна за Скопје, Ода на радоста и на крај Песна за Планинарите. Потоа Елизабета Ѓорѓиевска го  прочита рефератот за 50 години од основањето на  ПСК БИСТРА и се прикажуваше слајд-шоу од написи со настани за наши планинарски достигнувања и активности објавени во нашите дневни весници. Откако се прочита рефератот
се почна доделувањето на плакети.
Прв беше повикан Г-дин Ерван Фуере – Амбасадор на ЕУ во Македонија, поради соработка и учество на наши акции кој беше прогласен за Почесен Член на ПСК Бистра.
Министерство за внатрешни работи,
Министерство за одбрана-Генералштаб на АРМ-Здружена оперативна команда-Батаљон за врски,
Федерација на планинарски спортови на Македонија,
Македонска полициска спортска федерација “7_ми Мај“
Комерцијална банка АД Скопје,
’’ONE’’ – Telekom Slovenia Group,
ПД ’’Полицајац’’-Јосиф Панчиќ-Белград Р.Србија,
ПСК ’’КОМОВИ’’- Подгорица Р. Црна Гора,
Дружество за спорт и туризам ’’МУРГАШ 77’’ - Софија  Р.Бугарија,
ПД’’БИСТРА’’ Гостивар,
Живко Темелкоски,
Геле Гелевски,
Буранедин Сали,
Ристо Ристовски,
Владимир Лазаров,
Димитрија Диковски,
Радомир Димовиќ,
Милан Ивановски,
Цветан Ивановски,
Никола Николовски,
Исмет Сулејман,

 

Признанија добија;
Димитар Грков,
Горан Срезовски,
Сашо Перовски,
Атанас Силјановски,
Љупчо Постолов,
Стојан Нацевски,
Ислам Адиловски,
Кирил Костовски,
Ранко Антов,
Слободанка Пендовска,
Иван Исаиловски,
Спиро Митков,
Сабри Шело,
Велибор Соколовски,
Мирослав Таневски,
Билјана Николовска,
Илија Богдановски,
Марин Цветановски,
Љиљана Диковска,
Благоја Петрушевски,
Гојко Геговски,
Ѓоко Јосифовски,
Јордан Тасевски,
Илија Дамјановски,
Ценко Петровски,
Ивица Величковски,
Здравко Дејановиќ,
Билјана Трајчевска,
Драги Петров,
ПК ’’ЉУБОТЕН’’-Тетово,
ПСК ’’СОЛУНСКА ГЛАВА’’-Велес,
ПД ’’ТРАНСФЕРЗАЛЕЦ’’-Скопје,
ПСК ’’ПЕЛИСТЕР’’-Битола,
ПСК ’’РУЕН’’-Крива Паланка,
ПД’’КОРАБ’’-Скопје,
ПАОК ’’ЕНТУЗИЈАСТ’’-Струмица,
СОЈУЗ НА СПОРТОВИ НА ГРАД СКОПЈЕ,


ПРИЗНАНИЕ ПОСМРТНО;
Цветанка Костова,
Цветко Ангеловски,
Трајче Меловски,

 

И за крај остана најдоброто, прикажување на слајд-шоу ,од искачувања, експедиции, панорами од врвови дополнети со објаснувања од Живко, немаше член на клубот што не се виде на тие фотографии, па дури и бившите претседатели кои имаа по 80-90 години, се видоа на некои од слајдовите, при што пуштија и по некоја солза од радост и се потсетија на тоа време од пред 30-40 и повеќе години. Потоа заврши официјалниот дел и преминавме во холот каде што се одржа и коктелот.

На крај да не заборавам да ги ПОЗДРАВАМ и СПОМНАМ сите учесници во организацијата на ова случување: Темелкоски Живко, Божиновски Сашо – Саленио, Филиповски Даниел, Ѓорѓеска Елизабета и Ранко Антов. Да се видиме на 55-тиот  роденден на ПСК Бистра.

 

Текст: Божиновски Сашо - Саленио
Фотографии: Божиновски Сашо - Саленио и Антов Ранко

08 - 01 - 2010

Посетеност на сајтот
Денес: 9
 
Вкупно: 15012
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online