Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 




23 Јануари 2010 – Сабота, искачување на Љуботен 2.500 м.н.в.
 
Сабота, 06.00 часот пред зградата на Нова Македонија, тргнавме со клубското комбе кон Старо село – Тетовско и тоа Темелкоски Живко, Димов Славчо, Таневски Мирослав, Нацевски Стојан, Перовски Сашо и јас_Божиновски Сашо – Саленио. Поради временските услови во последните 24 часа, автопатот Скопје – Тетово беше целосно замрзнат па затоа ни требаа час и половина до Старо село, со просечна брзина од 40 км/ч. Попатно не стигнаа и битолчаните од ПСК Пелистер и тоа Саша Грбиќ, Стефан Петровски и Јонче Илиевски – Мурат, со кои се слушнавме претходниот ден и се договоривме да ни се приклучат во Старо село и заедно да се качиме на Љуботен. Од Старо село тргнавме во 08.00 часот по патот и по кратенките низ магла до Планинарскиот Дом, а од тука веќе немаше магла и се навестуваше сонце. Во 14.00 часот бевме на врвот, и се поздравуваме и гледам нешто црно на снегот и не ми се верува од каде се најде куче тука, немаше никакви траги околу него. Му пријдов и почнав да го галам и приметив дека целото се тресе, го подигнав и тогаш видов дека лежи во дупка и дека задните нозе неможе да ги движи. Го извадив од дупката и го спуштив малку подоле од врвот да не го дува ветер и сонцето малку да му ги згрее нозете. Почнавме да му даваме храна на кучето, кое безживотно не гледаше, но откако малку касна од лебот му се врати силата и живна. Но сеуште неможеше да оди. Јас му врзав една врвка околу трупот (после предните нозе) и со левата рака почнав да го носам од врвот надолу. После 500 метри, поради заостување од групата со Живко одлучивме да го оставиме, а и не беше лесно околу 30кг. И почнавме да се спуштаме надоле без кучето, но цело време зборевме за кучето, (поставувавме прашања кога се качило и колку дена седело така),ни беше многу жал. Живко се сврте назад и среќно и задоволно ми викна; - Саленио еве го кучето иде позади нас! Јас се свртев и не можев да поверувам во тоа што го гледав, со насмевка му довикував кое беше на 100 метри од нас. Се симна со нас во Старо село. Во 18.30 бевме кај комбето, се поздравивме со колегите од ПСК Пелистер, кои продолжија за Попова Шапка и со план утре да се качат на Титов врв, а ние тргнавме назад за Скопјe.
Текст: Божиновски Сашо - Саленио
Фотографии:Стефан Петровски и Димов Славчо
28 - 01 - 2010
Посетеност на сајтот
Денес: 36
 
Вкупно: 14864
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online