Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 



 

Izve{taj od ednodnevnata planinarska akcija na Ubava 2352m

Извештај од планинарска акција на Убава 2352 м. одржана на 27.03.2010 година

 

На оваа акција како и вообичаено тргнавме со клубското комбе од паркингот пред зградата на Нова Македонија точно во 7:00 часот. Се упативме кон селото Патишка река, и после 40 минути возење бевме на средсело, на стартна позиција на околу 950 мнв. Ги ставивме ранците на грб, и во полна спремност се упативме на јужен правец, а целта ни беше да ги освоиме врвовите Остри Врв 2263 м. и Убава 2352 м. Групата планинари броеше 7 членови и беше во следниот состав Живко Темелкоски, Влатко Лазаров, Славко Стефанов, Сашо Божиновски - Саленио, Илија, Горан Атанасовски и јас_Јане Мирчески. На излезот од селото со силно лаење не испрати еден овчарски пес, кој ни даде на знаење koj е газда во селото. Откако тактички се разминавме со пријателски настроеното куче, продолживме да се движиме по шумски пат кој благо се качуваше нагоре. Времето беше малку облачно со тенденција за брзо подобрување. Набргу стигнавме до една шумска чешма од која тече вода во изобиле поради поволната хидролошка состојба на планината. Малку погоре по патот се разминавме со четворица планинари од Словачка, кои имаа натоварено скии на своите големи ранци полни со опрема. Тие ни рекоа дека спиеле на Бегово Поле, дека малку скијале на снегот и дека продолжуват за Скопје. Наскоро се одвоивме десно од главниот пат и продолживме по козја патека нагоре. После поминати неколку серпентини и една многу стрмна падина, се појави преубав поглед кон околните врвови кои беа прошарани со снег. После кратко движење по изохипса, веќе бевме кај бачилото на висина околу 1800 метри. Тука направивме поголема пауза. Некој пред нас имаше направено стапалки по патеката кои видливо се гледаа. Набргу поцна да дува силен ветер од југозападен правец, небото се расчисти и до крајот на денот не следеше пролетното сонце. Се искачивме на Остри Врв, направивме неколку групни фотографии и продолжуваме кон Убава. Наоколу се гледаа снежните стреи на околните врвови кои откако ќе се откачат предизвикуваат лавини. По патеката накај Убава, во седлото, наидовме на длабок и мек снег, во кој многу лесно пропаѓавме до колена.Се искачивме на Убава, а одозгора бевме сведоци на преубав поглед на околината. Поради силниот ветер одлучивме да се спуштаме надоле. Наоколу забележавме мечкини траги. Се поздравивме со планината и после внимателно слегување по камењата веќе бевме во Патишка Река каде сонцето одамна беше зајдено.

 

 

Подготвил, текст и фото:Јане Мирчески

Посетеност на сајтот
Денес: 36
 
Вкупно: 14864
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online