Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 



 

30_ти Планинарски Поход Богомила-Скопје

 

На состанокот на клубот одржан на 20. 04. 2010 година, на дневен ред беше планинарскиот поход Богомила – Скопје, и веќе беа пријавени 120 планинари од 17 Планинарски клубови од кои 3 од Р. Србија. За главен водич бев избран јас_Никола Тодоровски и мои асистенти Буранедин Сали, Стојан Нацевски, Адиловски Ислам, Трендафилов Васил и Божиновски Сашо – Саленио. Тргнавме со возот во 07.00 за Богомила. Поради големиот интерес беа резервирани домовите во Папрадиште и Чеплес, но поради интернет најавите за дождлив и ветровит викенд, многу пријавени не се појавија, но затоа пак имаше и околу 20_тина учесници непријавени на нашата е-пошта.Најваувањето го баравме од учесниците за да можеме да ги сместиме сите, а и поради тоа што секој учесник на крајот добива Признание. Но како и да е, се снајдовме и официјална бројка на учесници на походот е 75 планинари и 13 планинарски клубови.

Сабота 06.30, Тргнавме 50_тина од Чеплес, а во 05.30ч., 26 учесници од Папрадиште, планот беше да се споиме негде кај Горна Бабина Дупка, но не испадна според договореното бидејќи и покрај нашето споро темпо тие не не стигнаа. Утрото не навестуваше добро време, но сепак сите одлучно тргнавме кон врвот Солунска Глава 2540 мнв. До Аргачот не пратеше густа магла и роса. Но веќе кон врвот времето се подобруваше и кога се качивме на врвот и сонце не огреа. Не пречекаа од војската и ни дадоа на сите учесници чај и јавно да се заблагодариме на АРМ за пружената логистика. Но одеднаш падна густа магла при што видливоста беше 5 метри. Поради тоа одлучивме да продолжиме кон нашата крајна дестинација за тој ден планинарскиот дом Караџица. Маглата не пратеше скоро до Бегово Поле, каде направивме 30 мин. пауза и веќе се споивме со дел од групата од Папрадиште. Во 14.00 напуштените објекти во Дуње, краток одмор и полека по широкиот правлив пат кон домот пратени од сонцето кое интернет-прогнозите не го предвидоа. Во 16.30 стигнаве и се сместивме во домот, до 18.00 сите учесници стигнаа во домот и веќе атмосферата е весела. Ако претходната вечер сите учесници беа малку порезервирани, сега веќе не беше така, дали поради поминатата најтешка етапа од походот или поради веќе воспоставените нови пријателства.

Недела 05.00 часот сите спремно тргнуваме кон с. Алдинци, преку дрвениот мост на Кадина Река и нагоре кон Празни Торба и изворот каде што се одморивме 30 минути. И тука да споменам нашиот пријател Душан Томич секогаш раздава од неговите домашни медењаци , . Продолжуваме кон с. Цветово, Марков Манастир и тука не дочекува со чај и кафе, пак нашиот пријател и колега Илија со семејството. Краток одмор и посета на манастирот и продолжуваме кон Д. и Г. Соње и веќе сме пред домот на врв Водно каде што не пречекуваат претседателот Живко со синот Андреј, Таки, Живоин и Благоја со локум и честитки до сите учесници. По салатата и гравчето зема збор претседателот Темелкоски Живко и почна со доделување на признанија на клубови и на сите учесници. Марјанчо Марковски ни ја прочита песната што ја составил за овој поход.

Пролетниот маратон

Се собраа нашите другари

другари планинари

состанок направија

прекрасна идеја на дневен ред ставија

а сите присутни ја поздравија.

Планинарски маратон да дигнат

од Чеплес до Водно да стигнат

во голем снег и силен ветер

на врв Солунска да се качат

преку Бегово да се симнат

ноќта на Караџица да здивнат

утрото на Кадина Река да се симнат

успат Марков Манастир да ѕирнат

за на крај преку Горно Соње

на врв Водно да стигнат.

 

Јас како водич на овој поход сум многу задоволен како поминавме а верувам дека и вие со задоволство ќе се сеќавате.Догледање до следниот 31_ви Планинарски Поход Богомила – Скопје. Во продолжение погледнете го списокот на учесници, слики и видеа од овој поход.

 


Презиме Име Планинарски клуб
1 Томиќ Душан Нафташ - Нови Сад Р. Србија
2 Хорват Гордана Нафташ - Нови Сад Р. Србија
3 Рацков Надежда Нафташ - Нови Сад Р. Србија
4 Пливелиќ Жељка Нафташ - Нови Сад Р. Србија
5 Касаш Атила Нафташ - Нови Сад Р. Србија
6 Исидор Мац Спартак -Суботица, Р.Србија
7 Маличевиќ Миливој Железничар - Нови Сад Р. Србија
8 Милановски Марјан Козјак - Куманово
9 Серафимовска Катерина Козјак - Куманово
10 Стојанов Тошо Змејовец - Демир Капија
11 Каранфилов Ристе Змејовец - Демир Капија
12 Камчев Ристе Змејовец - Демир Капија
13 Марковски Марјанчо Солунска Глава - Велес
14 Михајловски Ване Солунска Глава - Велес
15 Малинов Марјан Солунска Глава - Велес
16 Здравковски Златко Солунска Глава - Велес
17 Цветковски Влатко Стенае - Неготино
18 Наков Фено Стенае - Неготино
19 Петровски Стефан Диме Илиевски - Мурато од Битола
20 Грбиќ Саша Диме Илиевски - Мурато од Битола
21 Калаузи Виктор Водовод - Битола
22 Нолев Петар Пелистер - Битола
23 Радичоски Игор Пелистер - Битола
24 Булаковски Зоран Пелистер - Битола
25 Булаковски Благојче Пелистер - Битола
26 Мишачковски Коле Пелистер - Битола
27 Амшоски Еџевит Пелистер - Битола
28 Митановски Стево Пелистер - Битола
29 Темелковски Златко Пелистер - Битола
30 Павловски Наке Пелистер - Битола
31 Поп Алексова Елена Македон - Скопје
32 Ивановски Петар Македон - Скопје
33 Киров Бојан Македон - Скопје
34 Јакимовски Дејан Македон - Скопје
35 Георгиевски Ванчо Кораб - Скопје
36 Дамјановска Пепи Кораб - Скопје
37 Антовски Виктор Кораб - Скопје
38 Митаноски Бојан Кораб - Скопје
39 Здравкоски Дејан Кораб - Скопје
40 Михајлов Миле Кораб - Скопје
41 Тодороски Игор Кораб - Скопје
42 Бошкоска Мја Кораб - Скопје
43 Тасевска Драгана Кораб - Скопје
44 Черепналкоски Јован Кораб - Скопје
45 Арсовска Радица Кораб - Скопје
46 Серафимов Кире Скопје
47 Тренчов Владко Кочани
48 Кавај Бојан Струга
49 Томовски Александар Скопје
50 Котевски Благоја Скопје
51 Станоев Драган с.Сопот Кавадарци
52 Благојески Јовица Скопје
53 Настев Атанас Скопје
54 Митев Мино Скопје
55 Тодоровски Никола Бистра - Скопје
56 Сали Буранедин Бистра - Скопје
57 Божиновски Сашо - Саленио Бистра - Скопје
58 Трендафилов Васил Бистра - Скопје
59 Нацевски Стојан Бистра - Скопје
60 Димитровски Перо Бистра - Скопје
61 Атанасовски Горан Бистра - Скопје
62 Исајловски Ване Бистра - Скопје
63 Адиловски Ислам Бистра - Скопје
64 Перовски Сашо Бистра - Скопје
65 Срезовски Горан Бистра - Скопје
66 Темовски Јован Бистра - Скопје
67 Попов Гоце Бистра - Скопје
68 Михајлов Томче Бистра - Скопје
69 Стојанович Божидар Бистра - Скопје
70 Петров Драги Бистра - Скопје
71 Китанов Дине Бистра - Скопје
72 Чилиманов Илија Бистра - Скопје
73 Никчевски Ранко Бистра - Скопје
74 Никчевски Илија Бистра - Скопје
75 Јованов Владо Бистра - Скопје

Текст: Тодоровски Никола

Посетеност на сајтот
Денес: 36
 
Вкупно: 14864
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online