Сува планина - врв Добра Вода 2061 мнв.
Тргнавме во 06.00 часот за село Железна Река, Лазаров Владимир, Буранедин Сали, Цветковска Ица, Таневски Мирослав, Стефанов Славко, Трендафилов Васил, Пепи, Каранфиловски Горан и јас_Божиновски Сашо - Саленио. Искачувањето траеше околу 3 саати, и сите околни врвови беа во темни облаци, и по мобилен ни јавија дека во Скопје врне но тука ние бевме на сонце и едноставно уживавме. На врвот Добра Вода 2061 мнв. се задржавме околу 30 минути и поради јакиот ветер се спуштивме надоле сега од другата страна кон изворот каде што беше покриен со снег и одвај го најдовме и тука се излежававме на сонцето околу саат. Но и над нас се смени времето па одлучивме да продолжиме до црквата и тука пак се одморивме. Се спуштивме во селото околу 18.00 и тргнавме за Скопје. Ова е лесна тура (околу 5-6 саати пешачење) со убави погледи кон Солунска Глава лево и десно Бистра.
Текст и фото: Божиновски Сашо - Саленио
10 Април 2010