Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 



Извештај од планинарската акција ЉУБОТЕН
 
Согласно програмата на планинарски акции на клубот, за првите два дена од Велигденските празници беше предвидена планинарска акција за Солунска глава. За жал на состанокот одржан на 30 март за оваа акција се пријавија само 3/4 члена (јас, Живко Темелкоски, Буранедин Сали, и Славко Стефанов) недоволно за да може да се патува со комбето. И покрај тоа што се ставаа на дневен ред и други план.акции како Добра Вода и слично, немаше доволен број на заинтересирани. На крај остана да не се одржи акција и покрај 4 слободни дена.
Надвор од ова, во текот на неделата телефонски падна договор меѓу мене, Сашо Перовски и Славко Стефанов да одиме на Титов врв на еден ден. За овој договор дознале многу други членови од клубот, така да се одлучи да одиме на Љуботен на 02 април (петокот) со комбето
На оваа акција учествуваа: Живко Темелкоски, Влатко Лазаров, Славчо Стефанов, Сашо Божиновски - Саленио, Ица Цветковска, Велибор Соколовски, Николче Тодоровски, Васил Трендафилов, Горан Николовски и Мики Петровски дури и повеќе од 9 члена колку што е дозволено во нашето комбе. Од Скопје се тргна во 06.00 часот. Бидеќи патот дозволуваше, со комбето се искачивме некаде под планинарскиот дом Љуботен. Утрото ветуваше убав сончев ден. За кратко време стигнавме до планинарскиот дом кој беше затворен. Таму направивме краток одмор доволен за доручек.
На гребенот од Љуботен, првпат забележавме, и покрај нашите чести искачувања на овој врв во зимски услови, невообичаена природна појава. До самиот врв имаше снежен пат по самиот гребен широк околу 3-5 метри по кој одењето беше без никаков напар, што вообичаено поради стрмниот дел на гребенот го има. Ветрот дуваќи од страната на Пирибег, нанел големи наноси на снег кои покриваќи ги сите длабнатини на гребенот, направил широк снежен пат до самиот врв кој беше многу благ за искачување до самиот врв. Ова не беше снежна стреа што вообичаено се формира во вакви услови, бидеќи патот беше широк 3-5 метри без снежни стреи од десната страна и непостоеше никаква опасност да патот пукне и да премине во лавина. Качуваќи се по овој снежен пат, од десната страна на гребенот, на поголема далечина од самиот гребен, во долниот дел од стрмнината, имаше паднато поголема снежна лавина. Одеќи по снежниот пат се искачивме на врвот на Љуботен без да приметиме. Оние членови кои првпат доаѓаа на Љуботен, оваа појава не им значеше ништо посебно, и не можеа ни да ја забележат разликата, бидеќи не знаеа како изгледал гребенот претходно.
На врвот на Љуботен се задржавме подолго време бидеќи условите го дозволуваа тоа. Направивме неколку фотографии на врвот, како и на снежниот пат, за да можеме тоа да го доловиме и на сите оние кои ќе ги видат овие фотографии.
Во Скопје се вративме некаде околу 16.30 часот, невообичаено толку рано после искачување на Љуботен.
Во продолжение погледајте ги фотографиите од оваа акција.
Текст и фотографии:Живко Темелкоски
Посетеност на сајтот
Денес: 35
 
Вкупно: 14863
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online