Извештај
од учество на Мемријалот ,,ВАНЧО АТАНАСОВ,, Струмица
Согласно програмата на ПСК Бистра за 11 април оваа година, беше предвидена акцијата Добра Вода. Меѓутоа бидеќи од ПСАОК ’’Антузијаст’’ Струмица имавме добиено покана за учество на 11 Меморијал на Ванчо Атанасов на планината Беласица, по мое инсистирање, се договоривме во саботата на 10 април да се оди на акцијата Добра Вода, а во неделата на 11 април да се оди во Струмица.
Од Скопје се тргна во 05.00 часот. На оваа акција учествуваа, јас Живко Темелкоски, Сашо Божиновски-Саленио, Горан Атанасовски, Горан Николовски, Јане Мирчевски, Никола Тортевски, Марјан Калиманоски, Божидар Стојановиќ, Перо Димитровски.На плоштадот во Струмица стигнавме некаде 45 минути порано од времето определено за тргнување со автобуси кон селото Свидовица. Ова време го искористивме за доручек во најблиските бурекџилници.Сите пристигнати планинари, претежно од Струмица како и од Виница, Прилеп и други градови, како и една поголема група од Петрич-Р.Бугарија, со два автобуси се упатија за село Свидовица. Бидеќи ние сакавме после оваа акција да ги посетиме Колешинските водопади, со комбето се упативме следеќи ги автобусите до село Свидовица. Од ова село сите во колона се упативме кон планината Беласица, поточно кон Белешки ливади. За кратко време стигнавме и до Ќучук чешма, место каде го направивме првиот одмор и се освеживме со топол чај. За кратко време откако тргнавме, поминавме покрај Споменикот на 5-Струмички студенти, потоа преку Џами кран 1198м до Планинарската куќа Дедо Кољо Муртински, 1160м. На ова место бевме пречекани со локум и сок од страна на организаторот. После 20/30 мин откако сите пристигнаа се делеше планинарско гравче, зготвено во 4 големи котли. Искачувањето до ова место траеше вкупно 3 часа, по убаво сончево време. После ручекот сите заедно по доста лоша патека се спуштивме во Банско од каде истите автобуси требаше сите учесници да ги префрлат учесниците до плоштадот Гоце Делчев во центарот на Струмица. Бидеќи нашето комбе остана во село Свидовица, јас со едно такси се префрлив до ова село од каде го земав комбето и сите заедно од Банско заминавме за село Колешино, со цел да ги посетиме Колешинските водопади. За некои 30 мин возење стигнавме скоро до самите водопади. Кај водопадите се задржавме околу 1 час правеќи повеќе убави фотографии.
Од Колешино за Скопје тргнавме во 18.30 часот, за да околу 21.00 часот при стигнеме во Скопје.
Текст и фотографии: Живко Темелкоски
Во прилог погледајте неколку фотографии од оваа акција.