Појдовме за Кораб а се задоволивме со КЕПИ БАРД 2595 мнв.
Појдовме во Недела на 23 Мај во 04.00 од Скопје, испратени од дождот кој само што почна да паѓа, 8 члена од клубот Темелкоски Живко, Пановски Гоце, Цветковска Ица, Нацевски Стојан, Стефанов Славко, Атанасовски Горан, Соколовски Велибор и јас_Божиновски Сашо - Саленио.
Прошлиот викенд требаше да одиме за Кораб и Пројфелскиот водопад на Длабока река но поради обилните врнежи ја одложивме за овој викенд и кога излеговме од Скопје пратени од дождот решивме да продолжиме понатаму. Се паркиравме кај караулата во Стрезимир и појдовме нагоре, веќе од бачилото се гледа снег и тоа тазе паднат некои 20см. и доста лавини паднати. Магла и снег, се е бело околу нас се движиме по гребенот со споро темпо. Нема промени и понатаму сме во магла саатот е 13,00 одлучуваме да се враќаме, и тргаме назад но маглата пополека се крена и пред нас се отвори Кепи Бард кој го имам еднаш качено кога идев од Кораб за Црна Чука, околу 2400м. Поради тоа одлучуваме да се качиме, имаме време, а во маглата сеуште го бараме врвот Голем Кораб. Се искачивме на Кепи Бард задоволни и тоа што ни го дозволија временските услови и почнавме да се спуштаме. Околу 15,00 се подрасчисти малку и на моменти се гледаше Голем Кораб и уживавме во глетката и тие што беа лани ова време се потсетуваа и раскажуваа, колку повеќе снег има од лани, се беше бело до Голем Кораб. Се спуштивме кај комбето и одлучивме да се вратиме за Скопје и покрај тоа што носевме шатори и вреќи за спиење за утредента да идеме на водопадот. Но поради новиот снег и ладното време може водопадот и да не постои. Во Скопје бевме околу 22,00 и одлучивме оваа акција да ја повториме во Јуни.