21_от Меморијал Димитар Илиевски - Мурато, искачување на Пелистер
Како и секоја година, така и овој пат ПСК Бистра учествуваше на 21_от Меморијал Димитар Илиевски - Мурато на Баба Планина и искачување на врвот Пелистер 2.601 мнв. Некои поради превозот тргнаа во Петок, 07 Мај со воз до Битола, а од железничката станица со организиран превоз (автобуси) од страна на организаторот ПСК Пелистер, беа префрлени до хотел Молика, и пеш продолжија до планинарски дом Копанки, каде и спиеа. Додека другите со сопствен превоз на еднодневна акција пристигнаа околу 07,00 часот. После искачувањето на Пелистер отидоа во планинарскиот дом Копанки на заедничко планинарско гравче организирано од ПСК Пелистер.
А со комбето заминавме Живко Темелкоски, Андреј Темелкоски, Јане Мирчевски, Стојан Нацевски, Живоин Симоновиќ, Славко Стефанов, Перо Димитровски, Wiebke Stadler или Љубица и јас_Сашо Божиновски - Саленио. Тргнавме во Сабота 04.15 за Битола, но веќе кај Прилеп не пречека јак дожд но сепак продолживме. Околу 7 часот се паркиравме на Палиснопје и и се приклучивме на колоната во правец на ловечката куќа и врвот Пелистер. Времето беше облачно, но после 10 часот се расчисти и на моменти и сонце не грееше. Се потпишавме во книгата и од организаторот добивме чај, се видовме со многу пријатели и тргнавме назад кон комбето, зашто за тој ден имавме планирано да одиме во манастирот во Зрзе, но за жал не примаат луѓе за спиење (по воспоставен телефонски контакт претходниот ден) и така го променивме планот и се упативме за село Мажучиште, и од тука пеш околу 3 саати до манастирот на Света Богородица - Трескавец.
Недела 9 Мај, незнам колку време се немам така убаво наспиено. Посета на црквата и се упативме на Златоврв, карпите беа мокри од ноќниот дожд и ни беше тешко искачувањето но сепак се качивме. Пак се вративме во манстирот и се поделивме во две групи; Живко со син му и Стојан по истиот пат кон комбето а останатите по гребенот до Маркови Кули. Мора да ги пофалиме ПСК Златоврв за одличната маркација и поставената жичана заштита на дел од патеката. За 2 саата бевме на крстот и се спуштивме во чаршијата на заеднички ручек и во 17.30 тргнавме за Скопје, сите задоволни од заеднички поминатиот викенд.



















