Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 




Заедничка планинарска акција на планината ХАЈЛА во Р. Црна Гора со планинарските клубови  “Комови“ од Подгорица и “Полицајац – Јосиф Панчиќ“ од Белград

 

 

Традицијата продолжува...  Оваа, 30-та година по ред, со 57 заедничка планинарска акција на ПСК “Бистра“ - Скопје, ПСК “Комови“ од Подгорица, Р. Црна Гора и ПД “Полицајац – Јосиф Панчиќ“ од Белград, Р. Србија.

Домаќинот, ПСК Комови, заедничката акција ја организира на планината Хајла, на 25, 26 и 27 јуни.

Хајла е планина која се наоѓа во близината на градот Рожаје и се протега помеѓу Црна Гора, Србија и Косово. Има повеќе врвови над 2000 м. надморска висина и е највисока планина во северниот дел на Проклетије. На околу 1900 м.н.в.,  се наоѓа нов планинарски дом “ Гропе “ (на околу 20 км. од градот), кој го изградиле планинарите од ова место  и до него се стигнува по шумски пат, кој се издвојува од асфалтниот пат Печ - Рожаје.

Од нашиот клуб, на оваа акција учествуваа 14 члена: Бети, Даниел, Сузана, Славко, Живко Видовски, Благојче, Раде, Лиле Диковска, Кире, Исо, Слободанка, Мери, Лиле и Ценко.

Според договорот, тргнавме со комбе во петокот, на 25.06., во 15 часот, за да стигнеме вечерта во Рожаје, каде се чекавме со дел од домаќините. Еден дел од нив веке беа отидени во планинарскиот дом, заедно со 14 планинари од Србија. Чекајќи превоз до планинарскиот дом, останавме малку да го видиме ноќниот живот во градот. Доцна вечерта, со камион се префрливме во планинарскиот дом Гропе.

Беше договорено, во саботата, во 10 часот да се тргне на врвот Хајла 2403 м.н.в. Но, за разлика од вечерта, кога месечината силно ја осветлуваше планината и ни овозможи да видиме дел од нејзината убавина, маглата која се спушти утрото, ни даде друг врв за освојување: врвот Ахмица 2272 м. н. в.

За сето време додека се искачувавме, само магла и повремен дожд околу нас..  На врвот се задржавме кратко и кога почнавме да се спуштаме, времето се расчисти и можевме да видиме барем дел од волшебните места на Хајла.

Вечерта беше официјалната заедничка вечера, по која останавме да се дружиме до раните утрински часови.

Иако планот на домаќините беше во неделата,  да се искачиме на врвот Хајла, сепак маглата и дождот повторно не спречија во тоа и останавме да се дружиме во планинарскиот дом.

Членовите на ПД Полицајац – Јосиф Панчиќ, со камион тргнаа кон градот Рожаје, а ние, заедно со водичот од планинарскиот клуб од Рожаје, тргнавме кон катунот Банџов (1460 м. н. в), од каде со комбе се префрливме до градот. Во катунот, има уште еден , стар планинарски дом, кој ретко се користи откако е изграден планинарскиот дом Гропе.

И покрај дождот, останавме да го разгледаме градот, да ја видиме старата џамија, музеј куќата и да ги пробаме вкусните мантии од Рожаје.

Во 15 часот, исполнети  со импресии од планината и од дружењето , тргнавме за Скопје.

Маглата и дождот не спречија да видиме голем дел од волшебствата на планината Хајла, но сите заминавме со план за повторно доаѓање на ова место, кое навистина вреди да се види.

 

 

Елизабета Ѓорѓеска

Посетеност на сајтот
Денес: 36
 
Вкупно: 14864
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online