Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 
Август
 
 





 

Извештај од акцијата

Титов врв и Лешница

 

На состанокот на клубот одржан на 29 јуни, како акција за нареден викенд беше предложено акција за Солунска Глава. Меѓутоа во текот на неделата поради објективни причини, дојде до промена на акцијата, и наместо за Солунска Глава, се договоривме да одиме на Титов врв и на Лешница во рамките на сеопштата акција која се одржуваше тие денови ’’Да шараме по Шара’’.

 

На оваа акција учествува, јас Живко Темелкоски, Влатко Лазаров, Васил Трендафилов, Д-р Сашка, Славко Стефанов, Пепи Димитровски, Ацо Јованов и Лиле Стојанова..

 

 Од Скопје тргнавме на 04 јули (недела) во 5.00 часот. Од П.Шапка сите заедно се упативме за Горна Лешница преку Јелак. Некаде на самиот почеток не пристигнаа и Велибор Соколовски и Горан Николовски со две нивни другарчиња.  Од Горна Лешница,  Влатко, Снешка и Васил заминаа  за Титов врв преку гребенот помеѓу Горна Лешница и Крива Шија а јас, Славко, Пепи, Ацо и Лиле за Лешница. Нашата цел беше од Лешница преку Крива Шија да се искачиме на Титов врв, меѓутоа бидеќи имавме и членови кои прв пат се на ваква потешка тура, моравме да го измениме планот и после Лешница да ја посетиме само Крива Шија со водопадот  и од таму назад. Велибор и Горан со другарчињата од Крива Шија заминаа за Титов врв. На Славко, Пепи и Ацо ова им беше прво доаѓање на Горна Лешница, Лешница и Крива Шија и беа воодушевени од прекрасната убавина што овој предел ја има. По враќањето на Лешница заминавме по патот за Шапка. Некаде после 40 минути пешачење за наша среќа не пристигна еден камион кој не префрли до Јелак и на тој начин не поштеди од 4/5 часа пешачење по досадниот и монотон кривулест пат. Кога пристигнавме на Шапка кај Детското одморалиште, кај нашето паркирано комбе, само што пристигна и Влатко, Снешка и Васил од Титов врв, така да немаше потреба да некој некого го чека. Пристигнавме во исто време како да бевме  договорени.

Текст: Живко Темелкоски

Фотографии: Ацо Јованов.  

Посетеност на сајтот
Денес: 35
 
Вкупно: 14863
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online