1 Ден 29.07.2010год. Пристигнување на гости – планинари од странство. Посета на кањонот Матка и манастирскиот комплекс. Положување цвеќе на саркофагот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Ноќевање на Водно.
2 Ден 30.07.2010год. Во 06.00 часот, тргнување со возило кон Китка - Преслап,и од тука пеш кон плнинарскиот дом Караџица - Дуње, Бегово Поле, Солунска Глава и алтернатива спуштање во планинарски дом Чеплес, ноќевање.
3 Ден 31.07.2010год. Во 05.00 часот тргнување кон Миланово бачило, Мочур по сртот во правец кон село Крапа (алтернатива кон манастирот Зрзе, со ноќевање).
4 Ден 01.08.2010год. Тргнување во 05.00 часот кон село Дебрешта, Борино, с. Селце Недела во правец на Крушево - одморалиште – Шула Мина. Во 18.00 часот учество во поворката за положувањена цвеќе на ИЛИНДЕНЦИТЕ
5 Ден 02.08.2010год. Во 08.30 – поаѓање кон Мечкин Камен на народниот собир.Традиционално крводарување на Мечкин Камен. Попладне, посета и разгледување на спомениците во Крушево. Одмор и припрема за 2_та етапа за Охрид.
6 Ден 03.08.2010год. Во 04.00 часот поаѓање во правец на с. Кочишта, с.Радово, с.Доленци, с.Бабино и с.Базерник каде ќе се ноќева и другарува со мештаните.
7 Ден 04.08.2010год. Во 04.00 часот поаѓање кон Илинска-Плаќенска планина. Понатаму кон Плаќе, Речица, Прентов мост – правец за Охрид кон рекреативниот центар Партизан. Завршна другарска вечер и спиење во Партизан.
8 Ден 05.08.2010год. Посета на Самоиловата тврдина, Плаошник, амфитеатарот и градот. Можност за останување и наредниот ден во Охрид во сопствена режија или заминување и искачување на Галичица и продолжување кон Стење, Коњско спиење или продолжување кон с.Брајчино и домот на Големо Езеро на Баба Планина.
Пријавување до 15 Јули 2010 година, по меил на contact@pskbistra.org
Поради ограниченста на бројката учесници, организаторот го задржува правото на завршување на рокот пред тој да помине,
ИЗВЕШТАЈ од традиционалниот 23 планинарски маратон “ИЛИНДЕН” 2009 година
Контакт:Водич Благоја Петрушевски моб. 075 - 741 - 224 и Божиновски Сашо - Саленио 075 - 618 - 622
Претседател Живко Темелкоски