|
ИЗВЕШТАЈ
ОД ЗАЕДНИЧКА ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈА НА КОПАОНИК ПОМЕЃУ ПЛАНИНАРСКИТЕ ДРУШТВА „ПОЛИЦАЈАЦ - ЈОСИФ ПАНЧИЌ“ од Белград, Р. Србија, „БИСТРА“ од Скопје, Р. Македонија и „КОМОВИ“ од Подгорица, Р. Црна Гора во периодот од 13 до 15 јуни 2008
|
|
Во согласност со традицијата на одржување на заеднички планинарски акции помеѓу планинарските друштва при МВР на Р.Србија, Р.Македонија и Р.Црна Гора, оваа 28 година на заедничко дружење, домаќин на заедничката акција беше ПД „ПОЛИЦАЈАЦ-ЈОСИФ ПАНЧИЌ“ од Белград Р.Србија.
Ова беше 55 заедничка планинарска акција. Согласно добиената покана од организаторот и домаќин на акцијата, средбата беше закажана за 13, 14 и 15 јуни. Место на одржување, националниот парк КОПАОНИК каде последен пат сме имале заедничка акција пред точно 20 години, со сместување во планинарскиот дом Ртањ кој е на 1786мнв.Согласно поканата од секое покането планинарско друштво можеа да учествуваат до 20 члена. Од нашиот клуб учествуваа: Живко Темелкоски, Андреј Темелкоски, Ранко Антов, Благој Петрушевски, Геле Гелевски, Стојан Меловски, Ислам Адиловски, Раде Димовиќ, Тодор Божиновски, Лилјана Диковска, Димитар Диковски, Елизабета Ѓорѓиевска, Даниел Филиповски, Јане Стојановски, Милка Ристова, Стојан Ристов, Младен Пешевски, Живко Видовски, Марин Цветановски, Слободанка Пендовска и Живоин Стојановиќ. На пат се тргна на 13 јуни со воз од Скопје до ж.с. Сталаќ каде не пречека организаторот и заедно со неговите членови со автобус се упативме за Копаоник каде пристигнавме околу 18.00 часот. Касно вечерта со минибус пристигнаа и 20 члена од ПД Комови од Р. Црна Гора. Во саботата согласно програмата на организаторот сите учесници се упативме на планинарска тура со цел искачување на Панќичев врв. Времето беше променливо облачно. Турата беше повеќе рекреативна но во секој случај интересна за сите оние кои прв пат го посетуваат Копаоник. И покрај програмата и претходно благовремено доставен список со имиња на сите учесници со броеви на пасоши, од страна на властите не беше дозволена посета на мавзолејот на Јосиф Панчиќ.
Вечерта до касно наутро после вечерата имаше дружење и забава по посебен дел од планинарскиот дом наменет за такви цели. Од страна на организаторот на преставници од двете друштва, гости како што е традицијата со години наназад по одржувањето на поздравните зборови беа врачени одредени поклони (пијалоци). Од страна на ПД Комови на двете друштва беше врачена благодарница за нивна 30 годишница. Од наша страна покрај врачувањето на поклонот сите присутни беа запознаени дека наредната година нашето друштво слави 50 години од основањето за кое ќе добијат посебна покана како и тоа дека дека наредната година сме ние домаќини на заедничката акција со желба сите присутни да бидат видени и во Македонија.
Во неделата домаќинот организираше планинарска тура до врвот Кукавица на кој поради врнежливото време се упати помал број на планинари.
На крај да укажеме дека планинарскиот дом Ртањ во кој бевме сместени е прекрасен дом со голем капацитет кој работи на хотелски принцип, со пансион или полупансион, со дво, тро, и четирикреветни соби со сопствено купатило. Пансион во домот во двокреветна соба е 1200 динари.
Домаќинот со автобус не врати назад до Сталаќ од каде со воз пристигнавме во Скопје околу 23.30 часот.
Во прилог неколку фотографии од ова заедничко планинарско дружење.
|
|