Богомила - Водно

Видео-сторија за есенскиот маратон Богомила-Водно http://www.youtube.com/watch?v=ioBdFuOypeQ

 

ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ


Акцијата за Кораб согласно календарот на планинарски акции на ПСК „Бистра“ - Скопје, беше предвидена за реализација во март-април месец. Меѓутоа, со оглед на тоа што немаше заинтересираност од членови на клубот истата беше одлагана. Секој состанок повторно беше ставана на дневен ред но никако да има заинтересирани повеќе од 2-3 члена од клубот. Акцијата за Кораб беше предвидена како акција за припрема за членовите кои се пријавија за експедицијата за Кавказ.
Најпосле на состанокот одржан на 13 мај бидеќи немаше заинтересирани за акцијата која беше по календарот (од Солунска глава до Убава и Патишка река) по 4-5 пат се постави на дневен ред испуштената акција за Кораб, и за чудо се пријавија доволен број за да може да се реализира акцијата со патување со нашето комбе. Членови кои се пријавија: Живко Темелкоски, Даниел Филиповски, Елизабета Ѓорѓиевска, Стојан Нацевски, Гоце Пановски и Зоран Илиевски.За да комбето не оди празно, беа поканети и други членови планинари кои не се членови на Бистра. Таков член беше Пепо Ќурчиев и Боро Стојковски. Во петокот доплнително се пријави и амбасадорот на ЕУ во РМ, НЕ Г-динот Ерван Фуере. Тргнувањето беше во саботата на 17 мај во 5:30 часот.
Со цел да не го мачиме комбето до караулата Победа, од полициската станица до караулата бевме префрлени со возила од полицијата, каде претходно бевме поканети на чај. Колегите полицајци не префрлија скоро до бачилото над караулата. За наше изненадување, за разлика од минатата година кога бевме на Кораб на 16 мај кога беше и Г-динот Фуере, екс претседателот на Р.Словенија Г-динот Кучан и други амбасадори во РМ, снег скоро да немаше, а на врвот воопшто, овој пат снегот почнуваше од над бачилото.
Времето беше измислено за планинарење, ни топло ни ладно. Сончево. Мојата цел за пристигање до врвот на Кораб, како и секогаш беше одење преку гребенот. Меѓутоа целата таа страна пред гребенот гледано од страната на бачилото беше со премногу снег и достра стрмна, па постоеше можност некој при тоа одење да се лизни и потоа да имаме проблем. Затоа се упативме подесно со мали заобиколувања на снегот.
Јас кој цело време одев напред и со погледот барав во далечината пред нас да видам мечка со мечиња (како во многу други случаи кога водам помала група на Кораб), за наше позитивно изненадување на патеката по која требаше да се движиме избегнувајќи го големиот снег, пред една голема карпа со дупка во неа, видов мечка со мечиња. Сите кои носеа фотоапарати па и камери почнаа да ја сликаат мечката. Ретка прилика за некои од нас деа се види мечка и покрај редовното планинарење. Откако завршивме со фотографирањето на мечката, со свирење и викање ја избркавме мечката, со цел да ни го ослободи просторот по кој ние треба да пешачиме спрема врвот. Поминавме пред самата дупка на мечката. На местото каде премина мечката имаше диви кози кои избегаа и застанаа на една снежна стрмнина каде мечката не можеше да им пријде. Над самата дупка на мечката, седнавме да доручкуваме гледаќи ги дивите кози наспроти нас.
Кога се упативме спрема Кораб преку гребенот, видовме колку многу снег има на целиот тој предел под Кораб. Нигде можност да се згази на сув терен.
На самиот врв на Кораб имаше снег повисоко од граничниот столб. На врвот на Кораб, се фотографиравме со Македонското знаме кое секогаш и секаде го носам на повисоки планини. Нашето восхитување на врвот беше пореметено со истрелите од пушка кои доаѓаа од првото населено место под Кораб во Албанска територија.

По враќањето назад во караулата со возила на колегите полицајци бевме префрлени до полициската станица од каде со нашето комбе се упативме за Скопје, каде пристигнавме во 8:30 часот. Г-динот Евроамбасадор беше многу благодарен на мојата организација за искачувањето на Кораб и истакна дека ќе дојде и друг пат на некоја акција на нашето планинарско друштво.

Погледајте некои од поинтересните фотографии од ова искачување на Кораб.



Текст и фотографии: Живко Темелкоски

04.06.2008



Англиска верзија