en
Планинарски Спортски Клуб - БИСТРА

 

Од 03 Август состаноците се одржуваат од 18.00 часот

 
 
 

Од 10 Август до 20 Август 5 дена во Лептокарија и искачување на Олимп (само за членови на клубот)

 
 
Август
 
 
 
 
НАЈАВА за Планинарска Трансверзала
107 ГОДИНИ ИЛИНДЕН
ПРОГРАМА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА МАРАТОНОТ "ИЛИНДЕН" 1903 - 2010
СКОПJE - KРУШЕВO - OХРИД

29 Јули, Четврток 14.00 во црквата Свети Спас и поаѓање за Преслап!
 



ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ „БИСТРА“ при МВР - СКОПЈЕ Статут na клубот ПСК „Бистра“ при МВР - Скопје е еден од најстарите и најактивните планинарски клубови во РМ. Основан е во 1959 година под патронат на тогаsниот Државен секретаријат за внатрешни работи. За време на досегашното негово постоење носител е на повеќе републички и поранешни сојузни признанија. До 1972 год. друштвото е од затворен тип. Во него можеле да членуваат само припадници на службата, односно само работници на МВР. Денес клубот е од отворен карактер, така да во него членуваат освен бработени во МВР, пензионирани работници на МВР, граdани и нивните семејства. Досега освен сите планински врвови во РМ и бившите Југословенски планини, меѓу поважните врвови кои се освоени од членови на ова друштво се: Мусала на Рила (Р.Бугарија), највисок врв на Балканот, Вихрен на Пирин (Р.Бугарија), Олимп (Р.Грција), Мон Блан (Франција) највисок врв во Европа, Арарат 5137м. и Ергијас 3 9 97м. Каcкар 3997м во(Р.Турција) Дамавант (Иран), Елбрус (Русија) Килиманџаро и Понт Ленана (Африка) Грос Глокнер (Австрија), Аконкагва 7 035м (Америка). Во 1973 год. членови на овој клуб за прв пат се искачуваат на Триглав-највисокиот врв на Бивша Југославија. Во 1976 год. за прв пат е освоен врвот Мусала 2925 м - Р.Бугарија. Во 1977 год. за прв пат е освоен врвот Олимп 2917 м. - Грција. Во 1981 год. членови од овој клуб ја поминуваат трансверзалата од Мостар до Жабљак. Во 1982 год.за прв пат е освоен Мон Блан од членови на ова клубот. Во 1986 год. по втор пат е освоен Мон Блан. Во 1988 год. членови на клубот ја поминуваат Словенечката трансверзала. Во 1989 год. член на клубот се искачува на Дамавант-Иран.Во 1990 год. член на друштвото се искачува на Арарат-Турција. Во 1990 год. член на клубот се искачува на Килиманџаро и Понт Ленана во Африка. Месец дена подоцна член на друштвото во состав на Југословенска експедиција ги освојува истите врвови во Африка. Во 1992 год. освоен е врвот Елбрус на масивот Кафказ - Р.Русија. 1993 год.член на клубот повторно е на Кавказ со новото македонско знаме. Во 1994 год. 7 членови на клубот го освојуваат Мон Блан и го поставуваат новото македонско знаме на највисокиот врв во Европа и на Грос Глокнер (Австрија). Во 1995 год. освоен е врвот Ергијас во Р.Турција. На 11.10.1995 год. членови на клубот го поставуваат новото знаме на Кораб. Во 1996 год. новото знаме на РМ за прв пат е поставено на Мон Блан од член на ова друштво. Истата година член на овој клуб ја обиколува границата на РМ. Во 1997 год. член од овој клуб учествува во Македонската експедиција на Аконкагва 7 035 мнв во Јужна Америка. Во 1998 год. два члена од овој клуб учествуваат во Македонската експедиција на Килиманџаро каде беше поставено новото знаме на РМ на покривот на Африка. Во јуни 2000 год.два члена се искачија на Дамавант 5670 мнв - Иран. Во јуни 2000 год. три члена учествуваа во Македонската експедиција која учествуваше на Меѓународното искачување на Дамавант-5 670мнв.-Иран од кои еден се искаcи на врвот заедно со вкупно 12 планинари меѓу 200 учесници. Во август истата година 6 члена учествуваат на Првото меѓународно искачување на Арарат-5 137 мнв-Турција каде го поставија Македонското знаме на оваа библиска планина. Во август 2001 год два члена учествуваат на Второто меѓународно искачување на Арарат. Во август 2 002 год. три члена учествуваат на третото меѓународно искачување на Арарат кое е организирано во чест на 2 002 год. која беше прогласена за година на планините и во чест на Кемал Мустафа Ататурк, таткото на модерна Турција. Во август 2003 год. 5 члена на клубот учествуваат на меѓународно искачување на Качкар - најубавата планина во Турција. Во август 2004 година 3 члена на клубот учествуваат на 5-тото мегународно искачување на Арарат-Р.Турција. Во јуни 2005 година 1 член од клубот го освои Елбрус на масивот Кавказ во Русија. Во август 2005 година 2 члена од клубот учествуваа на 6-тото меѓународно искачување на Арарат-Р.Турција. Во август 2006 година 1 член од клубот учествуваше на 7-то меѓународно искачување на Арарат-Р.Турција. Во јуни 2007 година 6 члена од клубот се искачија на Дамаванд, 5671м во Иран. Во август 2007 година 2 члена од клубот учествуваа на 8-то меѓународно искачување на Арарат-Р.Турција и успешно се искачија од северната страна. Клубот почнувајќи од 1978 год секоја година во април месец организиора планинарски маратон од Богомила преку Пл. дом Чеплез- Солунска глава-Караџица-Марков манастир-до врв на Водно, во должина од 100км. Од пред 10 год. друштвото организира и есенски маратон на истата релација. Во октомври 2004 година член од овој клуб славеше петсто-то искачување на врвот Солунска Глава. По повод 11 Октомври друштвото 16 год. организираше планинарски слетови на врв Водно. Клубот повеќе од 25 год. соработува со планинарски друштва од Србија и Црна Гора кои се при МВР. Друштвото 5 год. соработуваше со планинарско друштво од МВР на Р.Бугарија. Почнувајќи од 1963 год. ова клубот успешно стопанисува со планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врв Водно. За годините 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001 и 2002 год. клубот е прогласуван за најактивно планинарско друштво во Република Македонија. Членови од овој клуб досега биле заменици на претседателот на Планинарскиот сојуз на Македонија, на Сојузот на планинарски спортови на Македонија, на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и на Македонската планинарска федерација како и претседател на Градскиот планинарски сојуз, и членови или претседатели на разни комисии. Досега за активностите на овој клуб снимени се повеќе од 15 ТВ и радио емисии, како и повеќе од 25 написи во дневно информативни весници. Клубот има програма за работа за цела година, за секој месец и секој викенд во годината. Од покрупните планинарски акции, оваа година во јуни месец членови на друштвото ќе патуваат во Исламската Република ИРАН со цел искачување на највисокиот врв на Средниот Исток, ДАМАВАНД 5671м. Во почетокот на август ќе се патува во Р.Франција со цел искачување на највисокиот врв во Европа, МОН БЛАН 4807м и на крај од август во Р.Турција со цел искачување на Библиската планина АРАРАТ 5137мнв. Клубот стопанисува со Планинарскиот дом „ДАРЕ ЏАМБАЗ“ на врв на планината Водно, кој се наоѓа на 1069 м надморска висина. Домот кој е на КП бр.1 место викано Голема Стена на К.О. Горно Соње, е сопственост на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија ( или поранешниот Планинарски сојуз на Македонија) врз основа на правосилна пресуда на Општинскиот суд Скопје 1 Скопје ВИ П.бр.2863/83. Домот е изграден во текот на 1955 година. Во самата пресуда е утврдено дека со Планинарскиот дом од 1963 година до денес управува Планинарското друштво „БИСТРА“ Скопје. Претседател на Планинарскиот спортски клуб е Живко Темелкоски, дипл. правник во МВР. Адреса:Планинарски спортски клуб „БИСТРА“ при МВР СкопјеУл. Димче Мирчев ббСкопјеП.Фах 504 Жиро сметката на Планинарскиот спортски клуб „БИСТРА“ при МВР Скопје е:200000779624203Број за ДДВ МК 4030985225576Депонент: Стопанска банка ПСК „БИСТРА“ при МВР-СКОПЈЕ Претседател Живко Темелкоски
Посетеност на сајтот
Денес: 19
 
Вкупно: 12004
 
oд март 2010
horvat horvat
Play chess online